Германски компании заинтересирани за мали хидроцентрали

Bez autora
Oct 17 2012

Германски компании се заинтересирани за инвестиции во енергетскиот сектор во Македонија преку изградба на мали хидроцентрали. Kако дел од проектот за извозен потенцијал на германското сојузно министерство за економија и технологија, претставници на пет фирми од Германија во рамките на конференцијата на тема „Мали хидроелектрани - големи шанси за Македонија“ ги претставуваат своите искуства и резултати од проектите во искористување на потенцијалите на обновливите извори на енергија пред македонски стопанственици и се анализираат потенцијалите на македонскиот пазар и регулативата. Со оглед на умерениот раст на македонската економија и застарените капацитети за производство на електрична енергија, но и обврските кои произлегуваат од Енергетскиот договор на ЕУ, во Македонија се вложуваат с` поголеми напори за користење обновливи извори енергија.

Германски компании заинтересирани за мали хидроцентралиГермански компании се заинтересирани за инвестиции во енергетскиот сектор во Македонија преку изградба на мали хидроцентрали.

Kако дел од проектот за извозен потенцијал на германското сојузно министерство за економија и технологија, претставници на пет фирми од Германија во рамките на конференцијата на тема „Мали хидроелектрани - големи шанси за Македонија“ ги претставуваат своите искуства и резултати од проектите во искористување на потенцијалите на обновливите извори на енергија пред македонски стопанственици и се анализираат потенцијалите на македонскиот пазар и регулативата.

Со оглед на умерениот раст на македонската економија и застарените капацитети за производство на електрична енергија, но и обврските кои произлегуваат од Енергетскиот договор на ЕУ, во Македонија се вложуваат с` поголеми напори за користење обновливи извори енергија. До 2020 година 21 процент од македонската потрошувачка на енергија треба да потекнува од вакви извори и затоа државата на производителите на електрична енергија им гарантира атрактивни повластени тарифи за одреден временски период.

Пред германските стопанственици беше потенцирано дека во производството на електрична енергија фокусот е ставен на користењето на хидроенергијата, односно преку модернизација на постојните хидроцентрали, како и изградба на нови мали хидроцентрали. Процените на надлежните институции покажуваат дека техничкиот искористлив потенцијал на хидроенергијата изнесува 5.500 гигават-часови. Во 2007 година беше распишан тендер за изградба на мали хидроцентрали на 400 локации, а до јули годинава се потпишани 68 договори за изградба.

Според германските претставници покрај добриот потенцијал за развој на оваа област, неопходно е и усогласување на регулативата во Македонија со таа во ЕУ, но и поедноставени постапки за добивање дозволи и расчистени имотноправни односи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik